Уникаха ја освои Лигата на шампионите на Ф4 во Белград

Кошаркарите на Уникаха ја освоија Лигата на шампионите по триумфот над Тенерифе од 80-75 на Ф4 кој се одржа во Белградската арена во Србија.

Кендрик Пери со 17 поени беше најефикасен во победничкиот тим, а го следеше Нихад Џедовиќ со 14 поени.

Кај поразените, Кајл Гај заврши со 18 поени, дополнети и со шест скока, а Шермадини заврши со 16 постигнати поени.

Ова е трет европски трофеј за Уникаха, по оној во Купот на Кораќ во 2001 година, како и Еврокупот во 2017 година.

Се вчитува...