29 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАРазлични правила: Електронските цигари во некои држави се забранети, а во многу...

Различни правила: Електронските цигари во некои држави се забранети, а во многу не постојат никакви регулативи

Светската здравствена организација (СЗО) ги повика владите да ги третираат електронските цигари, познати и како „вајп“ уреди , слично на тутунските производи и да ги забранат сите вкусови.

Но, предлогот може да претставува проблем за големите тутунски компании, кои се залагаат токму пушачите да се префрлат на алтернативни тутунски производи.

British American Tobacco (BAT) објави дека планира да приходи 50 отсто од заработката од продажбата на електронски цигари до 2035 година.

Во минатогодишниот извештај на СЗО се наведува дека уредите за испарување се забранети во 34 земји, вклучувајќи ги Бразил, Индија, Иран и Тајланд. Но, многу земји се борат да ги спроведат правилата за е-цигари, што значи дека тие често се достапни на црниот пазар.

Седумдесет и четири земји, главно африкански, но и Пакистан, Колумбија и Монголија, досега не ја ни регулирале употребата на електронски цигари, покажуваат податоците на СЗО.

На клучните пазари, имено во САД и Кина, владите дозволуваат употреба на електронски цигари, но нивната употреба е регулирана.

Ова се податоците за регулирање на употребата на електронски цигари на големите пазари ширум светот:

Австралија
На Австралијците им треба рецепт за користење на е-цигари кои содржат никотин, но земјата се бори со напливот од нелегални цигари за еднократна употреба. Од 1 јануари е забранет увозот на потрошен материјал во Австралија.

Од март, исто така, ќе биде нелегално да се увезува секаков вид на вапинг што не е одобрен како „терапевтски“ од австралискиот медицински регулатор, Therapeutic Goods Administration, објави владата.

Следната година се планира да се донесе предлог-закон со кој ќе се забрани домашното производство или снабдување со нетерапевтски електронски цигари.

Кина
Во 2021 година, најголемиот светски производител на е-цигари воведе низа закони со кои се контролира нивната употреба во земјата. Меѓу нив е и забраната за ароматизирани производи кои многу кинески производители продолжуваат да ги извезуваат во странство.

Владата наведе голем број здравствени проблеми поврзани со употребата на електронски цигари кај младите.

Компаниите кои произведуваат електронски цигари мора да добијат лиценца за продажба на потрошувачите, а земјата воведе даноци за производство, увоз и дистрибуција на големо во 2022 година.

Членки на ЕУ

Европската комисија постави регулаторни стандарди за електронските цигари, вклучувајќи ограничувања на количината на никотин и етикетирање што укажува дека тие не треба да ги користат непушачите. Пред да започнат со продажба, производителите мора да се регистрираат, а регистрацијата е одобрена од владите.

Националните влади, исто така, воведоа закони за регулирање на нивната употреба. Во Франција, луѓето помлади од 18 години не можат да купуваат уреди за вапинг, а нивната употреба е забранета на одредени јавни места, вклучувајќи ги универзитетите и јавниот превоз.

Во 2013 година Италија ја укина забраната за користење електронски цигари во јавност. Употребата на уреди за вапинг сè уште е забранета во или во близина на училиштата.

Електронските цигари за еднократна употреба привлекоа особено внимание кај законодавците во некои земји на ЕУ поради загриженоста за животната средина и здравјето. Франција целосно ги забрани.

Горниот дом на германскиот парламент ја повика владата да се заложи за слична забрана на цела ЕУ за уредите за еднократна употреба.

Јапонија
Електронските цигари кои содржат никотин се сметаат за медицински производи според јапонскиот закон, но ниедна сè уште не е одобрена за употреба.

Русија
Малолетниците не смеат да купуваат електронски цигари. Нема ограничувања кога станува збор за вкусови или уреди за еднократна употреба.

Локалните медиуми во ноември објавија дека владата го откажала предлогот за забрана на електронските цигари. Руското Министерство за здравство смета дека тоа ќе доведе до губење на даночните приходи и ќе го поттикне црниот пазар.

Турција
Производството на електронски цигари е забрането, а увозот е дозволен само во мали количини, но и покрај тоа, електричните цигари се широко достапни во Турција.

Обединето Кралство
Обединетото Кралство ги стави уредите за испарување во фокусот на својата политика за јавно здравје, нудејќи дури и почетни пакувања кои би можеле да им помогнат на поединците да се откажат од пушењето цигари. Но, зголемениот број на ароматизирани уреди за еднократна употреба, предизвика загриженост за заштитата на животната средина, здравјето и последиците по здравјето на младите луѓе.

На крајот на јануари, владата објави дека ќе ја забрани употребата на цигари за еднократна употреба и ќе донесе надлежност за регулирање на вкусот и пакувањето на електронските цигари. Ваквата одлука уследила по резултатите од истражувањето кое покажало дека бројот на малолетници кои користат електронски цигари е тројно зголемен во последните три години.

Во март, владата објави дека ќе воведе дополнителен данок на вајп уредите од октомври 2026 година.

Соединети Држави
Производителите на електронски цигари на најголемиот светски пазар за алтернативи на никотин мора да добијат одобрение од американската Администрација за храна и лекови (ФДА) за легално да ги продаваат своите производи.

Некои веќе се пуштени на пазарот додека чекаат агенцијата да ги разгледа нивните апликации.

ФДА зема предвид неколку фактори во донесувањето на своите одлуки, вклучувајќи ја и потенцијалната корист за пушачите на тутун кои се обидуваат да се откажат од пушењето цигари. ФДА допрва треба да ги одобри вкусовите на вајп уредите. Но, лошата имплементација на мерките резултира со фактот дека производите со вкус, често за еднократна употреба сè уште се широко достапни на пазарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП