Ништо од позитивна кампања: Ахмети добил бел лист хартија од Ковачевски, вели Мицкоски

Мицкоски до ДУИ и Ковачевски: Европски ли е кога Ахмети викаше УЧК во Скопје?


На митингот во Кочани, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски обвини за, како што кажа, две сценарија кои ги подготвуле СДСМ и ДУИ со цел да ги задржат фотелјите и привилегиите.

„Затоа излезот го бараат во двете сценарија. Првото е тивкиот бојкот за претседателсите избори кој го заговараат. Додека се удираат во гради дека ќе згазеле во вториот круг, всушност тие сакаат да одработуват на тивок бојкот и спласнување на атмосферата на изборите. Второто сценарио е она на Ковачвски кој ја дал најдарежливата понуда до Али Ахмети. Ахмети има добиено бел лист на хартија од Ковачевски на кој само треба да ги напише институциите и министерствата кои сака да ги добие“, кажа Мицкоски.

Мицкоски порача дека излезот од сето ова е масовна излезност на изборите, како и масовна и недвосмилена поддршка за ВМРО-ДПМНЕ која е единствената сила за промени.

Претходно, на митинг во Виница тој ги прозва политичките соперници ДУИ и СДСМ за како постапките кои ги прави ДУИ, а кои не се воопшто европски, како што сакаат да се претстават.

„Додека се колнат во ЕУ, ја купуваат Соравија, додека зборат за правда делат шамари во контролата на летање во Скопје. Додека народот гладува тие си слават родендени во државни институции. Додека зборат за стандарди, на онкологија ги крадат болните од рак. И треба да знаете дека ниту една лекција не ја научија. СДСМ не се огради од криминаот на ДУИ, ниту пак има намера. А од ДУИ го употребуваат истиот наратив дека биле европска партија, во исто време кога џебовите им се полни со Европски пари“,  рече Мицкоски.

Тој упати и прашање до ДУИ, а и до Ковачевски, дали кога Али Ахмети викаше среде Скопје УЧК, УЧК е европски чин? Дали тоа доликува на европскиот фронт на ДУИ и на СДСМ, праша тој.

Според Мицкоски однесувањето на ДУИ и СДСМ ја подрива европската идеја во Македонија.

„Тие стануваат минери на европската идеја затоа што народот нив не ги идентификува со Европа и има европски функционери кои се срамат што ликови како Артан, Мерко и Талат овде зборуваат за ЕУ. Затоа што ЕУ не е олицетворение на корупција како што се Артан, Мерко и Талат“, рече Мицкоски, додавајчи дека затоа резултатот е таков во првиот круг.

„Ова беше само првиот круг, и жолтиот картон, мора да стане црвен на изборите на 8 мај“, рече Мицкоски.