Ултиматум на Санчо, ќе се врати во Манчестер јунајтед само под еден услов

Џејдон Санчо е подготвен да се врати во Манчестер јунајтед под само еден услов, од клубот да си замине актуелниот менаџер Ерик тен Хаг.

Санчо во првиот дел од сезоната одигра само три натпревари за Манчестер јунајтед, по што во јануари замина на позајмица во Борусија Дортмунд каде игра одлично. Тој досега одигра 14 натпревари за Милионерите и постигна два гола, а има и две асистенции.

Нетрпеливоста меѓу Санчо и Тен Хаг е од почетокот на сезоната кога менаџерот на Јунајтед го тргна фудбалерот од првиот тим со објаснување дека е во очајна форма. Санчо му возврати на Тен Хаг дека го користи него како жртвено јагне за слабите игри на Манчестер јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести