(ФОТО) Шакира во прегратка на згоден актер – Хаос на Инстаграм

Колумбиската пејачка Шакира предизвика хаос на социјалните мрежи, споделувајќи фотографии со ѕвездата од серијата „Emily in Paris“, а делува дека тој ќе биде главна ѕвезда во спотот за нејзината нова песна „Punteria“.

Шакира претходно наведе дека наскоро ќе го објави својот најнов албум „Las mujeres ya no Iloran“, а којшто ќе вклучува и некои веќе познати песни од претходно.

Една од новите песни која ќе се најде во ова издание го носи насловот „Punteria“, а пејачката одлучила да ја најави со заводливи фотографии со британскиот актер.

Имено, како што може да се забележи во објавата, Шакира позирала во прегратка на Луциен додека на себе носела розов фустан, а и косата ѝ била обоена во розова боја. Британскиот актер бил без горен дел на облека, па позирал само во бели, кратки панталони.

Фотографиите предизвикале бројни реакции на социјалните мрежи, а на пејачката ѝ пишувале дека таа сега „заменила Твинго за Ферари“, реченицата од текстот на нејзината песна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e