Судењето за грабнувањата и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски денеска продолжи со сведочењето на обвинетиот Велибор Манев, кој одговараше на прашањата на адвокатите и останатите обвинети.
На прашање на таткото на Вања, обвинетиот Александар Ѓорчевски, зошто му ја убиле ќерката, што се случило, Манев одговори дека тоа е прашање за првообвинетиот Љупчо Палевски.
На прашање кој одлучувал кој ќе биде грабнат, Манев повторно го посочи Палевски.
„Тој ги знаеше луѓето во зградата и одлучуваше кој ќе биде грабнат“, кажа Манев.
Тој вели дека пред киднапирањето на Вања, Палевски ги однел останатите обвинети до зградата да им објасни каде се влезот и сутеренот, им ги покажувал скалите излезни со скалите што одат спрема сутеренот.
„Тоа беше ноќно време. После тоа нè носеше на некоја од бензиските да пиеме кафе, ни ја покажуваше фотографијата за да ја запамтиме особата“, сведочеше Манев.
Манев, откако на минатото рочиште кажа дека планирале да киднапираат луѓе и да им врзуваат тегови за да не избегаат од ископаните земуници во Велес, сега рече дека тегот наменет за Панче Жежовски уште е таму.
„Јас носев и чамец со катанци за да го одврземе, да биде Панче Жежовски врзан во самата земуница“, рече тој.
На прашањето дали и Вања била врзана во моментот на убиството, Манев одговори потврдно.
Манев, како и на минатото рочиште, рече дека сфатиле дека грабнале дете, а не жена кога ја откопчале вреќата и ѝ ја извадиле лентата од устата.
„Тоа се случи откако ја извадивме од колата, од гепекот, ја поставивме на земја во легната положба, ја откопчавме вреќата и ја извадивме лентата од устата да може да ја слика и тогаш видовме дека е дете“, рече тој.
На прашањето зошто не испратиле слики за откуп, рече дека тоа е прашање за Палевски.
Прашан дали после убиството на детето некој од нив ги спомнал родителите на детето, одговори дека немал контакт.
Прашан за вмешаноста за таткото на Вања, Манев пак рече дека бил физички малтретиран и тепан за да каже дека видел како Љупчо Палевски разговара со таткото на Вања.
„40 минути бев во исчекување на редот за тепање по стапала до крв, редоследот беше Александар па Боре, па Кешишев, мене ме земаа кога го вратија Кешишев во ќелија, редот ми беше мене да ме тепаат. Четириесет минути слушање како вриштат, знаејќи што ми следува. Од толку што сум бил избезумен имам кажано дека ќерка ми работи во Словенија, а таа никогаш не работела во Словенија, тоа покажува колку сум бил избезумен“, рече Манев.
Судењето е во тек. Обвинети за киднапирањата и убиствата на Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска се Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски.
14-годишната Вања и 73-годишниот Панче беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.
- ПАЛЧО ИСПУКА КУРШУМ ВО ДЕТЕТО И ОТИДЕ ДО КОЛАТА, ИЗВАДИ КОПАЧ, ЛОПАТА И АШОВ, СВЕДОЧИ ОБВИНЕТИОТ ВЕЛИБОР МАНЕВ
- ПРЕД ДА ЈА ГРАБНАТ ВАЊА, ПАЛЧО ПРВО САКАЛ ДА ГО КИДНАПИРА ДИРЕКТОРОТ НА ГРАНИТ, А ПОТОА 38-ГОДИШНА ЌЕРКА НА СОПСТВЕНИК НА ВЕЛЕДРОГЕРИЈА
- НА ПРВИТЕ РЕЧЕНИЦИ ОД СВЕДОЧЕЊЕТО НА МАНЕВ ЗА НАЧИНОТ НА ГРАБНУВАЊЕ НА ВАЊА, НА ТАТКОТО ЃОРЧЕВСКИ МУ СЕ СЛОШИ, СУДИЈАТА ДАДЕ ПАУЗА
- ДОДЕКА ГО СПРЕМАВ ЖЕЖОВСКИ ЗА ВО ДУПКАТА, ПАЛЕВСКИ ОДЕДНАШ МУ ПУКНА ВО СЛЕПООЧНИЦАТА И МИ КАЖА: „ВАКА Е ПОЧИСТО!”, СВЕДОЧИ ВЕЛИБОР МАНЕВ
- ПАЛЕВСКИ ГИ НАТЕРАЛ ДРУГИТЕ ОБВИНЕТИ ДА ИСКОПААТ ДУПКИ НАД ВЕЛЕС ЗА КИДНАПИРАЊЕ ЛУЃЕ, ЗА ДА ГИ СТАВААТ ВНАТРЕ СО ВРЗАНИ ТЕГОВИ НА НОЗЕТЕ, СВЕДОЧИ ВЕЛИБОР МАНЕВ