Регион

Санкционирани 89 возачи на подрачје на општина Струмица

Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција – Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата денеска во периодот од 11:00 до 16:00 часот спроведоа акциска контрола на подрачје на општина Струмица за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

– При контролата санкционирани се 89 возачи, и тоа 42 за управување на возило без возачка дозвола, 6 санкции за возачи што управувале моторни возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола, 13 за непрописно вградени фолии (затемнети стакла), 5 возачи без лекарско уверение (јавен превоз-такси возачи), а одземено е и едно моторно возило нерегистрирано повеќе од 6 месеци, информираат од МВР.

Препорачуваме:

Објавен планот и протоколите за настава со физичко присуство во училиштата

Стојне Митева

Со грант од ЕУ од 750 илјади евра Струмица ќе стане паметен вело град

Сузана Мицева

Светски ден на Алцхајмеровата болест: Во Македонија 40.000 лица живеат со деменции

Сузана Мицева