Taјани: Италија е подготвена да испрати војници во мировна мисија доколку се создаде палестинска држава


Италија ќе биде подготвена да испрати војници како дел од мировната мисија со други земји доколку се формира меѓународно призната палестинска држава, изјави италијанскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Антонио Тајани.


„Италијанската влада е многу заинтересирана за мир“, истакна тој на форумот организиран од италијанската новинска агенција АНСА.


„Ние сме пријатели на Израел, но сакаме да работиме за мир, вклучително и со евентуално испраќање војници, заедно со сили од други земји, ако биде формирана палестинска држава.

– Фактот дека Рим е ротирачки претседавач на Г7 е можност за мир во светот разурнат од војна, додаде Тајани. Тој нагласи дека мирот ќе биде главната цел на Г-7.


„Единство што е важно: кога сакате да постигнете една цел, сите страни мора да имаат заедничка визија“, истакна италијанскиот министер. Во оваа насока веќе се испратени важни пораки“, додаде Тајани.

ссм/фото: принтскрин .


Извор: МИА