Вести Македонија

Државниот инспекторат за труд ја прегледува документацијата на „Универзал-Балкан“ по пожарот во Универзална сала

Денеска продолжи увидот на опожарената Универзална сала од екипи на МВР и ОЈО, велат од Обвинителството. Со тоа истрагата влегува во втората седмица, откако внатрешноста на симболот на солидарноста на Скопје изгоре во пожарот минатиот вторник. Документацијата на градежната компанија „Универзал-Балкан“ која работеше на првата фаза од реконструкцијата на објектот и чии тројца работници беа на локацијата кога избувна пожарот, ја прегледува Државниот инспекторат за труд. Документите се однесуваат на безбедноста при работа и на работните односи, велат од инспекторатот.

„Ја добивме документацијата. Во тек е нејзиното разгледување. Ќе видиме дали ќе треба нешто дополнително. Кога ќе заврши надзорот и биде утврдена фактичката состојба, ќе ја информираме јавноста“, велат од Државниот инспекторат за труд.

Во истрагата ќе се вклучи и Градежниот инспекторат од Општина Центар, откако МВР и ОЈО ќе го завршат својот дел од работата и биде отворено градилиштето. Увидот ќе се однесува на градбата, односно дали таа соодветствува со документацијата, поднесена за издавање на дозволата за реконструкција, велат од Општина Центар.

Истрагата треба да одговори на повеќе прашања, меѓу кои клучно е како избувнал пожарот. И додека јавноста чека одговори од надлежните, во синоќешната емисија КОД, архитектката Искра Јанковска – Михајловска кажа дека за обнова на објектот, кој девет години беше надвор од функција, а од 2005 наваму беа направени четири проекти за негова ревитализација, решавале политичарите. Таа ги сподели и сомнежите за можните причини за пожарот.

„Одлуките за неа се прават интуитивно во кабинетите на политичарите. Ние правиме реновирање на Универзална сала, а всушност градиме нов објект. Можеби е од небрежност, меѓутоа мене во оваа девастирана политичка сцена не би ме изненадило дури и да е подметнат пожарот. Бидејќи не дека не можат да се најдат причини за тоа“, вели архотектката Јанковска – Михајловска.

А, дека ќе треба време додека продолжи реконструкцијата на Универзална, во петокот кажаа од компанијата „ЕОС Консалтинг“ која е ангажирана за надзор на обновата на објектот. Според нив, тоа ќе зависи од динамиката на истрагата, од вештачењето за причините за пожарот и додека не се утврди дали има оштетувања на новата челична конструкција, поставена во првата фаза од реконструкцијата.

Од „ЕОС Консалтинг“ рекоа и дека пожарот зафатил делови од објектот кои треба да се реконструираат во втората фаза. А, од компанијата „Универзал-Балкан“ демантираа дека пожарот им помогнал да го отстранат градежниот шут, зашто, како што рекоа, 70 отсто од него бил изнесен пред Универзална да пламне. Но, им треба нов елаборат за отстранување на стариот челик кој паднал при пожарот.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе