МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникотСиндикат

Полициските синдикати на разни страни, има и кривична пријава

   Време за читање 1 минута

Независниот синдикат на полицијата (НСП) објави дека изготвил кривична пријава против претседателот на Македонскиот полициски синдикат, Марјан Кицев за сторено кривично дело ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем.

НСП ќе ја поднесе кривичната пријава затоа што на 16 март годинава, Кицев на својот фејсбук профил преку недолични знаци ги споредил членовите на НСП со муви кои паѓаат долу на земја.

„Замислете војничето ги брани правата на полицајците. Ах пусти. Посветено на едно војниче. Покачување на плата ќе има. Сега што ќе ги лажете колегите?“, напиша Кицев на својот фејсбук профил.
Затоа од НСП ги повикуваат надлежните да го расчистат случајот. „Го охрабруваме оделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, да биде на висина на задачата како и секогаш и да преземе се што е потребно во ракмките на нивните надлежности и прописи“, велат од Независниот синдикат на полицијата.