Мораме да научиме да ја прифаќаме тагата за да можеме повеќе да уживаме во среќата!

Тагата е чувство од кое луѓето често се обидуваат да побегнат, да го игнорираат, па тоа најчесто останува потиснато во многу срца. Сепак, постојат денови и ситуации кога тагата може да влијае лошо врз нашето здравје доколку и понатаму продолжуваме да ја игнорираме и потиснуваме.

Мораме да научиме да ја прифаќаме тагата за да можеме повеќе да уживаме во среќата!

Многумина од нас забораваат дека тагата е нормална човечка емоција, како и среќата. Тоа е нормален одговор на нашиот мозок на различни аспекти во нашиот живот, околина, на одредени настани, искуства и луѓе. Сосема е нормално да бидеме тажни и затоа не треба да се плашиме како другите ќе гледаат на нас ако ги покажеме нашите емоции, ниту да се трудиме да бидеме насмеани и добри ако не се чувствуваме така.
Психолозите исто така истакнуваат дека тагата е важна емоција. Сепак, според нив е особено важно да се направи разлика меѓу тагата и депресијата. Тагата, како и сите наши емоции, е здрава и треба да ни помогне подобро да се спознаеме себеси, другите и светот околу нас.

Според Карл Јунг, луѓето мора да ја ценат и почитуваат тагата за да уживаат во среќата. Прифаќањето на тагата е навистина важен дел од нејзиното надминување и враќање во нормална состојба.
Важно е никогаш да не ја гледаме тагата како знак на слабост. Луѓето кои имаат развиено емпатија и покажуваат тага се ослободуваат од ова чувство на природен начин, но можат да им помогнат и на другите кои се плашат да ги покажат своите емоции и да им кажат – „во ред е да си тажен/а“.
Друг мит е дека ако некој се препушти на тага, тој ќе остане тажен засекогаш. Емоциите се минливи состојби бидејќи тие се одговор на моменталната состојба. Тоа што моментално чувствувате тага не значи дека сте слаби, ниту дека секогаш ќе бидете тажни, туку дека реагирате синхронизирано со вашата емотивна состојба, во согласност со настаните што ве опкружуваат.

Дозволете си да бидете тажни, поврзете се со ова чувство, покажете го отворено и тагата ќе го најде својот пат.
Напомена: Доколку често се чувствувате тажно и несреќно, а тоа влијае на квалитетот на вашиот живот, важно е да побарате помош од стручно лице.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.