Skip to main content

Македонскиот филм „Мими“ го отвора 14. Фестивал на новиот балкански филм во Стокхолм

Македонска амбасада во Шведска/фејсбук

Македонската амбасада во Шведска информира дека 14. Фестивал на новиот балкански филм во Стокхолм, што оваа година ќе биде отворен со проекција на македонскиот филм МИМИ

При отварањето ќе биде одадена почит на жртвите во трагичниот пожар во Кочани, а кратко обраќање ќе има и Амбасадорот Џенк Сејфула.

Датум: 28 март 2025

Време: 18:00

Локација: ABF Stockholm, Sandlersalen

Картите по цена од 120 SEK може да се купат на следниот линк: https://secure.tickster.com/a5g6w8z2vu46pgj

Оваа емотивна приказна ја истражува младоста, љубовта и значајната тема за женската плодност. По проекцијата, ќе следи Q&A сесија со режисерот, актерите и филмски експерти.

Ве очекуваме на BaNeFF 2025!



Поврзани вести