Германците нема да загубат и не испаѓаат денеска

6814 Белгија – Мароко (СП Катар, 14 часот)

Белгија имаше скромен старт според играта и одличен со бодовно салдо, откако ја победи Канада со 1:0, но и разочара.

Од Црвените Ѓаволи се очекуваше многу повеќе, а тие и буквално се спасија со судиска помош против Канада, која беше оштетена за два пенали.

Сега имаат порелаксирана позиција и Де Бројне, Азар, Тилеманс, Витсел, Караско и останатите ѕвезди на Белгија треба да покажат зошто ги сметаат за топ-фаворити за светската титула, со уште неколку репрезентации.

Лукаку и денеска нема да игра што е хендикеп за фаворитот, а и Мароканците имаат проблем, бидејќи е неизвесен настапот на Ашраф Хакими.

Тој е можеби и клучниот играч на Мароко и за него тешко се наоѓа замена. Во првото коло одиграа тврд меч без голови со Хрватска, па ќе се обидат да го повторат истото сценарио против уште еден фаворит во групата.

На Мароко му одговара реми, за да може во последното коло во директен дуел со Канада да има шанса со победа да оди понатаму.

Предлог тип: 2>1 (2.02)

 

1319 Луго – Леванте (Втора лига Шпанија, 16.15 часот)

Леванте сака брзо да се врати во Ла Лига и има квалитетен тим, иако доста клучни играчи си заминаа по испаѓањето во ланската сезона.

Меѓу нив е и Енис Барди, кој го засили Трабзонспор, но и екскапитенот Моралес, Мелеро и уште неколку квалитетни фудбалери.

Луго има сосема поинаква цел, а тоа е опстанок во Сегунда, но влегоа во лоша серија од четири меча без победа.

Иако играчите на Луго се домаќини, а во Шпанија домашниот терен, особено во Втората лига е предност, сепак ќе типуваме дека Леванте нема да биде поразен и дека ќе даде од 1-3 гола во двете полувремиња.

Предлог тип: Т2 1-3I&1-3II (3.95)

 

6815 Хрватска – Канада (СП Катар, 17 часот)

Хрватска одигра прескромно против Мароко и не го покажа квалитетот што ги донесе до вицешампионската титула во Русија пред четири години.

Има доста играчи од тој шампионат, а Модриќ, Перишиќ, Брозовиќ, Ковачиќ се уште се меѓу главните адути, но и се четири години постари.

Канада одигра одличен меч против Белгија, но загуби со 0:1 незаслужено.

Алфонсо Дејвис промаши пенал, слабиот судија Сиказве од Замбија не досуди уште два чисти пенали што го чинеше неуспех Јаворовиот лист.

Изјавата на селекторот на Канада, Џон Хердман дополнително ја крена тензијата, па се очекува тврд меч и што се вели „на нож“.

И влогот е огромен, бидејќи со пораз денеска се испаѓа уште во првата фаза на Мундијалот.

Предлог тип: Х било кога (1.77)

 

6816 Шпанија – Германија (СП Катар, 20 часот)

Светските првенства се магични и можете експресно со два порази да си одите дома. Тоа денеска може да и се случи на Германија, ако загуби од Шпанците, па и да ремизира, а Јапонија од 11 часот ја победи Костарика.

И сето тоа само заради страшните утки на популарниот „Маншафт“ на дуелот со Јапонците.

Имаа предност од 1:0 и еден куп чисти шанси да ја запечатат победата, но не погодуваа и потоа примија два гола за фудбалско чудо и пораз од 1:2.

Шпанците ја декласираа Костарика со 7:0 и денеска се многу поспокојни од Германците, бидејќи и со пораз можат во осминафинале.

Ова е еден од европските фудбалски класици, а ќе типуваме дека Германија денеска нема да загуби и да испадне од СП во Катар.

Предлог тип: Х2&2+ (2.07)

 

1670 Лирс – Виртон (Втора лига Белгија, 20 часот)

Лирс е еден од познатите фудбалски симболи на Белгија со четири шампионски круни, основан во 1906 година.

Пред четири години клубот мораше да оди под административна контрола, откако  банкротираше.

Сега бијат битка за враќање во Првата лига и не им оди лошо. Претрпеа два порази по ред и малку паднаа на табелата, но ако денеска го победат фенерџијата Виртон Ексцелзиор ќе се пробијат на четвртото место.

Лирс има зицер против екипа што единствена која се уште има едноцифрен број на бодови, 9, во Втората лига и црна серија од 10 меча без победа во сите натпреварувања.

Предлог тип: T1&1-3I&1-3II (2.40)

 

 

- Оглас -

Најнови вести