Легендарниот судија за натпреварот Реал – Баерн: „Се случи катастрофа!“

Светската фудбалска јавност сè уште го коментира спорниот момент од мечот помеѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен, кога во самиот финиш од судиското продолжение на мечот беше поништен голот на Де Лихт, кој можеше да го однесе натпреварот во продолженија.

Реал победи со 2-1, но судиите направија голема грешка и го поништија голот на гостинскиот фудбалер без да дадат можност да се гледа ВАР, со оглед на тоа дека веднаш ја прекинаа акцијата.

Еден од легендарните фудбалските судии, пензионираниот Антонио Лахоз, вели дека судиите ја направија најголемата грешка.

„Се случи катастрофа која никој не ја посакуваше. Досуден е офсајд и со тоа е спречена можноста да се гледа ВАР. Се случи најлошата можна работа која можеше да се случи во судењето. ВАР не можеше да помогне, играта не беше сопрена со кренатото знаме, туку со свирката на судија“, вели Лахоз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести