18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

По наредба на Бајден: Американците убиле истакнат оперативец на ИСИЛ

Во воена операција на Соединетите Американски Држави во средата загинаа познатиот оперативец на ИСИЛ Билал ал-Судани и десет членови на терористичката група во северна Сомалија, соопштија двајца високи претставници на администрацијата на Џо Бајден.

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин потврди дека Билал ал Судани е убиен.

– На 25 јануари, по наредба на претседателот, американската војска спроведе офанзивна операција во северна Сомалија која резултираше со смрт на голем број членови на ИСИЛ, вклучувајќи го и Билал ал-Судани, истакнат оперативец на ИСИЛ во Сомалија и клучен посредник за Глобалната мрежа на ИСИЛ.

Ал Судани беше одговорен за поттикнување на зголеменото присуство на ИСИЛ во Африка и за финансирање на операциите на групата низ светот, вклучително и во Авганистан, рече Остин.

Тој додаде дека во оваа операција не е повреден ниту еден цивил, а американската армија немала загуби. Операцијата е извршена за 24 часа.

Американските сили, според официјалниот претставник, биле подготвени да го заземат Ал Судани, но „одговорот на непријателските сили“ на крајот резултирал со негова смрт, пренесува Си-Ен-Ен.

Спонзорирано: