• вторник, 23 април 2024

Реал викендов посилен за Белингем

Реал викендов посилен за Белингем

 

Мадрид, 28 март 2024 (МИА) – Фудбалерот на Реал Мадрид, Џуд Белингем, најверојатно ќе се врати во тимот за претстојниот натпревар против Атлетик Билбао во шпанскиот шампионат по паузата поради црвениот картон.

Белингем пропушти четири од последните шест натпревари на Реал поради повреда на зглобот и суспензијата, откако протестираше поради поништување на неговиот гол против Валенсија.

Англискиот фудбалер го постигна својот последен гол пред шест недели, но сè уште е најдобар стрелец во Примера со 16 погодоци.

Мадридскиот клуб е првопласиран на табелата со 72 бода пред неделниот дуел против четвртопласираниот Атлетик Билбао. Баскискиот тим нема првенствена победа над Реал во Мадрид од 2005 година. ег ФОТО: Фејсбук

 

Остани поврзан