Екипата на МЗТ Скопје е на еден чекор до финалето од плејофот во македонското првенство, откако рутински ја запишаа и втората победа во дуелот против ТФТ со 91:67 и поведоа со 2-0 во серијата што се игра до три победи.

Најефикасен во победничкиот тим беше Харис Делалиќ со 20 поени, Војдан Стојановски постигна 15 коша со пет асистенции, додека на спротивната страна а Лангстон Верц уфрли 13 поени. Третиот меч од серијата ќе се одигра до крајот на неделава, а домаќин ќе биде популарната Тафта.

Во втората полуфинална серија помеѓу Работнички и Пелистер е далеку поинтересни со оглед што по скопските дуели резултатот е 1-1 во победи. Третата средба ќе се одигра викендов во Битола.