Неверојатна партија на Јокиќ, Мареј погоди за победа на Денвер и лудило во салата

ДЕНВЕР НАГЕТС се вратија од негатива од 20 поени во третата четвртина и го победија Лос Анџелес Лејкерс со 101-99 и поведоа со 2-0 во првото коло од плеј-офот на Западната конференција на НБА.

Заедно со херојот Мареј добар меч одигра и Никола Јокиќ, кој заврши со трипл-дабл учинок 27 поени, 20 скока и 10 асистенции. Кај поразените Ентони Дејвис заврши со 32 поени.

Победата за Нагетс ја донесе Џамал Мареј кој со звукот на сирената преку Ентони Дејвис погоди за 101-99.