Битола и Штип учесници во адреналинското шоу „Триумф“

40

Општина Битола активно ќе учествува на натпреварот меѓу општините – „Триумф“.

Со тоа, ќе им се овозможи на заинтересираните граѓани од Општината да бидат дел од овој единствен адреналински натпревар на отворено, во Македонија. Потребно е учесниците во екипата што ќе ја претставува Општина Битола да се полнолетни, да се физички подготвени и да се ентузијасти, подготвени за адреналински предизвици.

Дел од ова шоу ќе биде и Општина Штип.

Шоуто ќе се емитува на јутјуб-каналот на Лазаров и платформата GLEY. Водители на шоуто ќе бидат Димитар Атанасовски, Стефан Лазаров и Петар Младенов.