Јокиќ и со четврти „трипл-дабл“ по ред, за само три четвртини… (ВИДЕО)

Никола Јокиќ продолжува со своите одлични изданија во најсилната лига на светот остварувајќи нов подвиг во победата на Денвер над Филаделфија од 144-109.

Јокиќ оствари нереален рекорд, со четврти едноподруго „трипл-дабл“ и на четврти меч по ред, и тоа за само три четвртини, без да влезе во игра во последниот период. Постигна 27 поени (шут од поле 10/15) со 13 скока и 10 асистенции. Додаде и четири украдени топки. Интересно, и претходно тој дојде до тие остварувања без да ги одигра последните четвртини.

Јокиќ сезонава има 19 трипл-дабл ефекти и вкупно 151 во кариерата. Со тоа тој е трет на вечната листа, пред Оскар Робертсон (181) и соиграчот Расел Вестбрук, кој има 202.

Најдобриот играч на Нагетс го следеа Џулијан Стротер, кој постигна 23 поени и Кристијан Браун со 20 поени. Кај Филаделфија се истакнаа Тајрис Макси со 28 поени и 10 скока и Гершон Јабуселе со 22 поени.

Се вчитува...