Копенхаген: Пожар во ренесансната зграда „Борсен“ стара 400 години

од Vladimir Zorba

Старата данска берза во вторник наутро беше зафатена од огромен пожар. Зградата „Борсен“, во која е сместена данската стопанска комора, е во центарот на данскиот бизнис уште од 17 век, а пожарот ја зафатил препознатливата кула од 56 метри на зградата неколку моменти пред да се урне и падне.

Полицијата ги советувала луѓето да ја избегнуваат областа и засега нема извештаи за повредени.

„ЛИмаше луѓе во зградата кога избувна пожарот, но сите беа евакуирани“, изјави портпаролот на полицијата.

Старата берза – која се наоѓа на само неколку минути пешачење од палатата Кристијансборг – датира од 1625 година. Изградена е во холандски ренесансен стил на барање на кралот Кристијан IV, а неодамна е реновирана.

Данскиот министер за култура Јакоб Енгел-Шмит изјави дека е оштетено 400-години старо културно наследство.

Истрагата треба да ја утврди причината за пожарот, а познато е дека тој се проширил на сите катови преку шахтата на лифтот.

Френк Трир Микелсен, од JVP Копенхаген, рече дека 40 пожарникари се борат со пожарот и спасуваат скапоцености, објави ТВ 2 за данската радио и телевизија дека делови од покривот на зградата мора да се отстранат за да се изгасне. Тој додаде дека биле повикани машини да отстранат дел од бакарниот покрив бидејќи водата само се одбила од него.

Слични содржини