Рома и Интер одиграа нестварен натпревар: Гостите губеа, на крајот се апсолутни победници

Рома и Интер вечерва одиграа содржински натпревар, дерби кое беше зачинето со многу голови, кои верувале беа на задоволство на навивачите.

Натпреварот за Рома стартуваше лошо, гостите поведоа преку Ачерби во 18. минута, но на „волчицата“ не и беа потребни многу минути за да се вратат во игра.

Прво изедначуваат преку Манчини во 28. минута, а комплетен пресврт прават пред крајот на полувремето, кога Ел Шарави ја носи својата рома во предност.

Вториот дел им припадна на Интер, кои од самиот старт најавија нешто што не го гледаа сите на стадионот во Рим. Прво во 49. минута изедначија на 2:2 преку Турам, а само неколку минути подоцна, играчот на Рома си постигна автогол (Ангелино).

До крајот на средбата Интер постигна уште еден погодок, овој пат преку Бастони, со што само ја потврдија големата победа и пресвртот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО