Еди Рама за прв пат по 13 години оди во Општина Тирана: Али Ахмети денес доби титула „Почесен граѓанин“

од Илинка Илиоска

Албанскиот пемиер Еди Рама денеска за прв пат по 13 години беше во Општина Тирана. Оваа негова посета се случува по повод доделувањето на титулата „Почесен граѓанин“ на Али Ахмети, шефот на ДУИ во Северна Македонија.

„На предлог на градоначалникот Ерион Велиај, Градскиот совет на Тирана едногласно одлучи да му додели титула „Почесен граѓанин“ на Али Ахмети, во знак на благодарност за целиот негов придонес за албанската заедница во Северна Македонија“, се наведува во соопштението .

Претходно Ахмети беше прогласен за почесен граѓанин во Призрен.

Слични содржини