Македонија ги „прегази“ Фарски за ново Светско!

109
П.Стојановски

Македонските ракометни репрезентативци со огромна победа над Фарски Острови од 34:26 (19:15) се пласираа на Светското првенство следната година.

Нашата селекција успеа да ја анулира негативата од првиот меч на гости кај Фарски Острови (34:27) славејќи со „плус осум“ дома и на тој начин ги продолжи успешните квалификациски циклуси за големите собири.

Жарко Пешевски на линијата за шест и имаше „осум од осум“, Филип Кузмановски даде седум гола, шест постигна Марко Митев, а пет на Мартин Серафимов.

За македонската селекција ова е седмо учество на светските првенства.