Навивачите ги гаѓаа играчите со факели, следуваше контраудар па епилогот е прекинат меч (Видео)

Екипата на Троа е едно од најголемите разочарувања во Франција. Тимот во минатата сезона играше во Лига 1 но поради лошите резултати испадна во втора лига. Сега, наместо да се обидат експресно да се вратат во елитата, Троа е пред испаѓање и од второлигашкото друштво.

Синоќа, Троа на свој терен играше еден од најважните дуели и тоа против последнопласираниот Валенсијенс. Домашните фанови очекуваа сигурна победа и со тие три освоени бодови тимот да направи чекор напред кон посакуваното 16 место на табелата кое носи опстанок.

Троа водеше со 1:0, но во вториот дел гостите кои сигурно ќе испаднат во трета лига, успеаа да израмнат на 1:1. Се играа последните минути од дуелот, стануваше јасно дека Троа нема сили да постигне втор гол за победа, што предизвика голем револт кај навивачите на трибините.

Домашните фанови започнаа да фрлаат факели на теренот, а дел од фудбалерите на Троа решија да возвратат и запалените факели ги фрлаа кон тробината каде што беа навивачите, па се случи уште поголем хаос, а мечот е прекинат.

Инаку Троа е клуб кој е дел од „Сити фудбал групацијата“ со која раководи Манчестер сити, а има клубови низ целиот свет. Со 100 отсто сопственост оваа групација ги има и Мелбурн сити, Мумбај сити, Њујорк сити, потоа во Троа има 47 отсто од акциите, 46,7 отсто од акциите во шпанска Жирона, Шенжен и Башакшехир по 20 отсто од акциите…

Фановите на Троа иронично од трибините скандираа „Сити ти благодариме“. Едноставно, наместо клубот да доживее подем, тој потона во последните две сезони и од следната сезона многу веројатно е дека ќе игра во третата француска лига.

- Оглас -

Најнови вести