Анчелоти: Најлошото тренерско искуство го имав во Јувентус

Карло Анчелоти со право многумина го сметаат за најголемиот тренер во историјата. Тренерот на некои од најголемите клубови на почетокот на кариерата доживеал непријатно искуство кое никогаш не го заборави.

Анчелоти почна да ги бележи првите забележителни резултати на кормилото на Парма, кои му овозможија да го преземе Јувентус. Сепак, престојот во гигантот од Торино беше вистинско фијаско.

Самиот Анчелоти призна дека тие две сезони на клупата на „Старата дама“ му донеле лошо искуство и дека не сака да се сеќава на тој период.

„Ме мразеа бидејќи играв за Милан, понекогаш излегував од стадионот во придружба на полиција. Не го освоивме Скудетото, но двапати бевме втори“, изјави Анчелоти.

„Не беше најдоброто искуство“, заклучи трофејниот тренер во тие две сезони ги загуби титулите од Лацио и Рома.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО