Османи: Мицкоски успеа да врати едно сеќавање кај Албанците за 100-годишното ропство и потчинување

од Nikola Popovski

Мицкоски последните денови успеа да врати едно сеќавање кај Албанците за 100-годишното ропство, потчинување и омаловажување. Тој ирита нерв кој што мислевме дека е длабоко сокриен, да врати едно сеќавање од Југославија кога Белград велеше „независно што вие ќе посакате, Рахман Морина ви е тој што ќе ве претставува, а тој цинично се смееше“. Овој обид за омаложување на достоинството на секој Албанец, но и граѓани од заедниците, го мобилизираше народот, изјави денеска потпретседателот на ДУИ и шеф на македонската дипломатија, Бујар Османи.

Тој порача дека како „Европски фронт“ добивале бројки пораки од граѓаните дека ова сега што се случува, во пресрет на парламентарните избори, не е прашање на избори меѓу „Европскиот фронт“ и „ВЛЕН“.

-Ваква мобилизација подолго време немам видено. Слоганите користени од опозицијата, го изведоа народот. Каде ќе ја носиме државата ако мислиме дека ако имаме министер или премиер Албанец, државата била на Албанците? Национализмот раѓа национализам, рече Османи на прес-конференцијата по повод Денот на Министерството за надворешни работи.

Тој се осврна и на вчерашните прозивки од страна на лидерот на Демократското движење и член на коалицијата „ВЛЕН“, Изет Меџити.

-ДУИ никогаш немала за цел да биде симпатизирана од ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ. Таа извртена логика дека албанските партии треба да добиваат симпатии е нешто навредливо. Сега треба да ја видиме волјата на граѓаните. Таа е над сите и пред сите. Фактот дека партиите прават калкулации за после избори е најголемо потценување на граѓаните и одговорот ќе го добијат на 8-ми мај, изјави Османи.

Слични содржини