„Јас умирам, а него го нема никаде…“

519

Пред една година Кристијано Роналдо беше во центарот на вниманието поради кризата во врската со Георгина Родригез, а пред да влезе во врска со Шпанката во 2017 година, Португалецот смени голем број девојки.

Серхио Рамос долги години е во брак со Пилар Рубио, а на почетокот на кариерата беше познат како заводник исто како и неговиот поранешен клупски соиграч.

Рамос уште во 2007 година успеа да ја заведе Нереида Гаљардо, девојка која беше позната како  „ловец“ на богаташи. Тоа беше во месец ноември кога двајцата имаа „дружба“ за една ноќ.

Набргу потоа Нереида заврши со Роналдо, а интернетот беше преполн со фотографии од атрактивната Шпанка и поранешна ѕвезда на Манчестер Јунајтед. Тогаш на сцена стапи Долорес Авеиро која го одвои синот од раскошната бринета.

„Кристијано и се јавува на мајка му Долорес секој ден, па не би ме чудело ако неговата следна девојка ја избере мајка му“, изјави еднаш Нереида, која по раскинувањето изјави дека Португалецот е кукавица.

Таа ја продолжи потрагата по својата сродна душа, а во 2012 година налета на трет фудбалер. Тоа беше Гонкало Квиназ, португалски крилен напаѓач кој немаше забележителна кариера.

Овој човек и го направи животот на Нереида пекол откако таа забремени. Гонкало воопшто не се грижел за неа и нејзината бременост.

“Тој рече дека е со мене три години. Почнавме да се забавуваме во март 2012 година. Забременив во ноември, а нашата врска дефинитивно заврши во април 2013 година. Ја прекинавме многу пати пред тоа. Почетокот на мојата бременост беше пекол”.

“Продолжив благодарение на моето семејство. Неколку пати бев хоспитализирана поради дехидрација, бидејќи исфрлив се што јадев и пиев во првите четири месеци од бременоста. Каде беше? Дали доаѓаше во болница? Не! Можев да наведам илјада и една друга работа.“

После тоа, Неирида го роди сега 10-годишниот син Најрон, а во меѓувреме го запознала бизнисменот Карлос Варгас со кој се омажи во 2015 година, а во меѓувреме со него доби уште едно дете.

Гонкало повторно се обидела да влезе во нејзиниот живот барајќи старателство над синот, но судот и го доделил детето на мајката.

Нереида пред неколку месеци се најде во центарот на вниманието откако нејзината мајка се бореше со ракот и за нејзина среќа успеа да ја добие најважната битка во животот.