Регион

Нови цени на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,49% во однос на одлуката од 22.1.2024 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 4,029%, кај дизелот за 3,417%, кај екстра лесното масло за 2,626% и кај мазутот зголемувањето е за 2,167%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,061%

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 2,00 ден/лит.Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 16.2.2024 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, велат од РКЕ.

Препорачуваме:

„Струмица гас“ има доволни количини гас за грејната сезона вели Благој Милановиќ во интервју за Канал ВИС

Ване Трајков

Планинарски марш во чест на Борис Трајковски

Сузана Мицева

Вечерва концерт на ансамлбот „Распеани струмичани“