МАКЕДОНИЈА

Денеска гласа и дијаспората

И на овие избори бројот на гласови од дијаспората ќе биде симболичен. Вкупно 2571 гласач се јавиле и се стекнале со право на глас. Дијаспората гласа на 31 избирачко место во канцелариите на конзуларно – дипломатските претставништва на земјава, каде за избирачките одбори се испратени 191 член.

Што се однесува до дијаспората, како и за другите категории граѓани кои гласаа денеска, резултатите ќе бидат познати утре .

Најмногу заинтересирани за гласање во дијаспората има во Берлин, Берн, Бон, Виена, Љубљана, Минхен и Торонто.

Дијаспората нема да гласа на парламентарните избори бидејќи бројот на заинтересирани е многу мал и не го исполнува потребниот цензус.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button