Search

„Единствен матичен број“ на Лидија Димковска во читачкиот клуб во Europe House Skopje

Читачкиот клуб во „Europe House Skopje“ ќе биде повтроно активиран со романот „Единствен матичен број“ на Лидија Димковска што неодамна ја доби престижната награда Роман на годината во организација на „Фондацијата Славко Јаневски“.

„Единствен матичен број“ е четврти роман на Лидија Димковска, издаден во 2023 година во издание на ТРИ. Во овој роман таа низ една семејна приказна се зафаќа со темата на идентитетот, миграцијата, современaта дистописка изолираност и алиенација содржани во поимот „пустелија”.

„Добрата литература и добрите романи не треба да бидат ‘чудо за три дена’ и за нив треба да се разговара и дискутира“, велат од „Europe House Skopje“

Модератор на читачкиот клуб ќе биде Александар Маџаровски – Читачот.

Најново

Последни колумни