Нова водоводна линија во населба Баби, се решава проблемот со водоснабдувањето и во оваа населба

Нова водоводна линија ќе се постави од Филтер станицата до населбата Баби во Штип. Активностите на терен се веќе започнати со што се очекува решавање на проблемот со водоснабдување во самата населба. Тоа значи дека овдешните жители ќе имаат нормален притисок на вода во летниот период, а при евентуален дефект на цевка нема да остануваат целосно без вода за пиење.

„Станува збор за нова водоводна линија во должина нешти повеќе од 300 метри со која ќе се реши долгогодишен проблем, пред се на жителите на висока зона од населба Баби кои имаат проблеми со слабиот притисок на вода. Но и она кое ги засега сите жители е при евентуален дефект на ниска зона, накчесто жителите од насеба Баби остануваше комплетно без вода. Со ова ново решение ќе се овозможи бајпасирање и непречено одвивање на водоснабдувањето“ – вели Јорданов.

Вкупната инвестиција потребна за реализација на овој проект е околу седум милиони денари. Во меѓувреме се работи на решавање на проблемот со водоснабдување во населбите Пребег, Железничка и Три Чешми.

„Се обврзуваме да го решиме овој проблем со изградба на нови резервоари. Дополнително и ова решение на долг рок ќе ги надмине проблемите со кои се соочуваат граѓаните на овие населби. Морам да напоменам дека нешто повеќе од два месеци ќе се работи на оваа главна линија, односно на изведба и во зависност од околностите очекуваме во овој временски период да се реализира овој проект.“ – додава Јорданов.

Новата водоводна линија во населба Баби е од големо значење за жителите во овој дел од градот, бидејќи при секој дефект тие беа први на удар со проблеми со водоснабдувањето.

Лаура Стојанова М-Нет