25 Април, 2024
0.0313

ДЕНЕСКА ИМАВМЕ УШТЕ ЕДНА КЛАСИЧНА ЗЛОУПОТРЕБА НА БУГАРСКИТЕ РАДИКАЛНИ СТРУКТУРИ: Проф. Георгиев за Фактор

Објавено во: Македонија 04 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Професорот Драги Георгиев, претседател од македонската страна на мешовитата македонско-бугарска Комисија за Фактор ги коментираше денешните настани поврзани со чествувањето на 151-годишнината од раѓањето на македонскиот револуционерен великан, Гоце Делчев.

Вели дека постојаните тензии и посебно ова денеска што се случуваше е класична злоупотреба на историјата од страна на радикални структури од Бугарија.

-Ова почна од чевствувањето на Мара Бунева кога беа изречени неприфатливи и несватливи за современото време изјави кои се однесуваа на идентитетот на еден народ и секако на една суверена држава. Потоа сето тоа продолжи со инцидентот во Охрид и секако да кулминира денеска со чевствувањето на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Ова беше најавено уште од денот кога се чевствуваше Мара Бунева и за жал по мене тие радикални бугарски структури го постигнуваат тоа што го сакаат. А тоа е секако поделба на македонското општество, поделба на политичките партии кои некои од нив ги користат за добивање политички поени и секако поделба на најниското ниво, односно на самите граѓани. Тоа се оние радикални структури во Бугарија кои според мене не сакаат да ја видат Македонија како стабилна држава. Ете се случи НАТО, сега цврсто стоиме на патот кон ЕУ, и доколку целосно се стабилизира, таквите структури освен што нема да можат да го рефлектираат нивниот сон за голема Сан-стефанска Бугарија, ќе ја изгубат и нивната моќ на делување во сопствената држава. Сега нашето општество трпи сериозни потреси и едноствано не може да се спротивстваи на ваквите случувања и сето тоа се пренесува кај обичните луѓе. Ценам дека треба многу да размислиме како да се решат овие проблеми, особено поради фактот што за три месеци се ближи 4.мај, денот кога се чествува убиството на нашиот револуционер Гоце Делчев, појаснува професорот Георгиев во изјава за Фактор.

На 16. и на 17. Февруари членовите на мешовитата Комисија повторно имаат состано, но како што појаснува професорот на тие средби не се дискутира за политичките ставови. Што се однесува до прашањето за заедничкото чествување на Гоце Делчев, не успеваат да најдат решение. Тоа е тема како што вели „не можеме да се договориме цели две години“.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот