Дизелот поевтинува од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,98% во однос на одлуката од 1.2.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,027%, кај дизелот за 4,547%, кај екстра лесното масло за 3,844%  и кај мазутот зголемување за 0,892%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,018%.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалува за 2,00 ден/лит и сега ќе изнесува 78,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС  не се менуваат.

Од 4.2.2023 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин      ЕУРОСУПЕР БС – 95                               84,00 (денари/литар)

Моторен бензин     ЕУРОСУПЕР БС – 98                              86,00          (денари/литар)

Дизел гориво           ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)                         80,00 (денари/литар)

Масло за горење    Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)                          78,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС   41,346 (денари/килограм)

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 4.2.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.