ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„Ковачевски да го разреши Артан Груби“

Европскиот сојуз за промени го обвинува Артан Груби дека со пари на граѓаните финансирал десетици портали преку кои врши притисок врз судиите, обвинителите и неговите политички противници. Албанската опозиција бара негово разрешување од функцијата вицепремиер и министер за политички систем. Од Сојузот нагласуваат дека порталите се регистрирани на име на лица блиски до ДУИ и Груби, а просториите на неговото министерство не се во служба на граѓаните, туку служат како канцеларија за медиумскиот центар на Груби.

„Наместо министерството да го користи во интерес на граѓаните, тој го претвори во пропаганден казан за со клевети да ги напаѓа политичките противници без да ги штеди и обвинителите и судиите, како што беше случајот со организираните медиумски напади врз претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми. Бараме премиерот Димитар Ковачевски веднаш да го разреши Артан Груби. Ако премиерот молчи, тоа значи дека соработува со Артан Груби и Али Ахмети“, вели Алби Ќамили, Европски сојуз за промени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button