Косово може да стане членка на Советот на Европа

Од:

Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) вечерва го усвои нацрт-извештајот на известувачот за Косово во Советот на Европа, Дора Бакојани, во кој се препорачува да се одобри Косово да стане членка на Советот на Европа.

За прием на Косово во Советот на Европа гласаа 131 од присутните 171 член на ПС СЕ, 29 беа против, а 11 беа воздржани.

Косово ја поднесе својата кандидатура за членство пред две години, а таа беше прифатена на седницата во април минатата година.

Парламентарното собрание на Советот на Европа ќе испрати препорака за прием до Комитетот на министри за надворешни работи, кој ја донесува конечната одлука со двотретинско мнозинство од министрите или амбасадорите кои ги претставуваат и кои се присутни во моментот на гласањето.

Состанокот на Комитетот на министри треба да се одржи од 16 до 17 мај во Стразбур.

Би можело да ве интересира

Дик Марти почина на 79-годишна возраст

Советот на Европа го реизбра Александар Николоски за генерален известувач за укинување на смртната казна

Николоски: Македонците во Бугарија се лишени од правото на самоопределување, јазик, образование и здружување

Александар Николоски избран за известител за Босна и Херцеговина од Советот на Европа

Катерина Ѓуровски

Претставници на ЕУ: Патот кон ЕУ е јасен и отворен и нема алтернатива

Совет на Европа: Северна Македонија да работи на промовирање интегрирано општество засновано на почит и доверба меѓу заедниците