Историско финале на Купот: Тиквеш и Воска спорт првпат ќе се борат за трофејот!

Екипите на Воска спорт и Тиквеш ќе играат во финалето на фудбалскиот Куп на Македонија. Финалето ќе биде историско бидејќи за двата клуба ова ќе биде прво финале.

Кавадарчани на пенали го елиминираа Шкупи за голема радост со своите фанови. Илиески од Шкупи во првата серија беше единствениот што утна пенал, Спиркоски погоди во петтата серија за победа од 5-3, откако мечот по 90 минути заврши 0-0, исто како што беше и на првиот дуел на „Чаир“.

Воска спорт попладнево како гостин загуби од Македонија Ѓорче Петров со 1-2, но охриѓани првиот меч го добија со 2-0, па денеска во Ѓорче го прославуваа историскиот успех и првото свое финале.

- Оглас -

Најнови вести