Вест Хем: Антонио успешно опериран

Страшната сообраќајна несреќа што ја имаше Мајкл Антонио беше главна вет во англискиот фудбал во текот на вчерашниот ден. За среќа, избегнато е најцрното сценарио, но голгетерот дефинитивно ќе го очекува подолга пауза од терените по здобиените повреди за време на несреќата

Вест Хем попладнево се јави преку ново клупско соопштение со нови детали околу состојбата во која се наоѓа репрезентативецот на Јамајка.

„Можеме да потврдиме дека Антонио денека беше опериран поради скршениците на долните екстремитети, здобиени при сообраќајната несреќа во саботата. Тој ќе остане во болница каде неговата состобја ќе биде следена од медицинските лица. Сите во клубот му посакуваме на Мајкл брзо опоравување, исто така сакаме да изразиме најдлабока благодарност до целокупното фудбалско семејство за поддршката пто ја добивавме од вчерашната вест за нереќата. Исто така, од срце им благодариме на дежурните служби кои му помогнаа на Антонио веднаш по инцидентот, како и на медицинскиот тим кој се уште му помага во рехабилитацијата“, се вели во соопштението на Вест Хем.

Се вчитува...