Трамп ќе бара одвојување на најмалку 3% за одбрана за сите членки на НАТО

од Vladimir Zorba

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ги разгледува плановите да ги натера членките на НАТО да ја зголемат долната граница на распределби од нивните буџети за одбрана на три отсто, од сегашните два, доколку тој повторно стане претседател на САД.

Трамп смета дека членките на НАТО треба повеќе да придонесат за заедничката одбрана поради заканите од Русија и Кина, како и дека помошта што земјите и ја испраќаат на Украина не треба да биде вклучена во распределбата за одбраната, изјави за британски „Телеграф“ неименуван извор близок до Трамп. .

Тој изјави дека Трамп размислувал за такво зголемување и претходно, но дека се уверил по средбата со претседателот на Полска Анджеј Дуда, кој го убедил поранешниот претседател да го отповика противењето на неговите претставници во Претставничкиот дом за помошта од 60 милијарди долари за Украина.

Слични содржини