Хроника СВР Струмица

Среќен крај на потрагата: Се вратиле дома братот и сестрата кои беа пријавени за исчезнати

При преземање на мерки за пронаоѓање на двете малолетни деца од село Сушево, сестра и брат на возраст од 14 и 11 години.

Среќен крај на потрагата: Се вратиле дома братот и сестрата кои беа пријавени за исчезнати

СВР Струмица информира дека на 20-ти април, полициски службеници од Полициската станица Струмица утврдиле дека се вратиле дома братот и сестрата кои беа пријавени за исчезнати.

-При преземање на мерки за пронаоѓање на двете малолетни деца од село Сушево, сестра и брат на возраст од 14 и 11 години, кои на 18.04.2024 година беа пријавени дека се оддалечиле од домот, полициски службеници од Полициската станица Струмица утврдиле дека се вратиле дома, велат од СВР Струмица.

To top