ДЕВОЈЧЕТО Е ВО СТАБИЛНА СОСТОЈБА, НО СО ВИСОК ПРОЦЕНТ НА ИЗГОРЕНИЦИ - детали како се случила несреќата на вагонот во Маџари
Објавено во: Македонија 27 Ноември, 2022
МВР ја потврди верзијата дека младото 17 годишно девојче е повредено од струен удар откако на воз на железничката станица во Маџари снимала видео на социјалната мрежа за кратки видеа ТИК ТОК.
Според информациите кои ТВ Сител ги добиле од МВР, во 13.41 часот во СВР Скопје било пријавено дека на Железничка Станица-Маџари, над еден од вагоните, дошло до струен удар, при што со повреди се здобила 17 годишна малолетничка. На лице место излегле полициски службеници, БППЗ и ИМП. Малолетничката е пренесена во УЦ Скопје за укажување лекарска помош, велат од МВР.
Од ТОАРИЛУЦ, односно од Ургентниот центар за Сител изјавиле дека девојчето е во стабилна состојба, но со висок степен и процент на изгореници по телото.
До инцидентот дошло додека таа снимала видео за Тик Ток. Ова го изјавило самото девојче во изјава за истражните органи.