Поврзете се со нас

Англија

Распад-систем: Клоп и Салах се „зајадоа“ крај аут линијата, Дарвин во улога на миротворец (Видео)

Објавено

на

Ливерпул доживеа распад-систем во критичен дел од сезоната и нервозата полека почна да се префрла и на теренот, за што доказ е денешната ситуација која беше видена на стадионот во Лондон.

Јирген Клоп реши да импровизира со стартната постава и од почетните 11 ги изостави Салах и Дарвин, но уште повеќе изненади со доцното внесување на двајцата напаѓачи.

Ливерпул успеа да направи пресврт и да поведе со 1:2 против Вест Хем, но откако Антонио израмни на 2:2 во 77-та минута, Клоп реши да се одлучи за своите голгетери.

Оваа одлука на Клоп очигледно воопшто не му се допадна на Салах, а бидејќи двајцата имаа што да си кажат еден на друг во дадената ситуација, мораше да интервенира и Дарвин.

Уругваецот се обидуваше да го смири својот колега од нападот и не дозволи да продолжи расправијата со менаџерот, кој сигурно по ремито од 2:2 ќе мора да дава одговори и на оваа тема.

Инаку со новиот кикс, Ливерпул практично се отпиша од битката за титулата во Премиер лигата, бидејќи во моментов има бод помалку од Сити, а актуелниот шампион има одиграно два меча помалку.

Видеото погледнете го ТУКА 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни