Искрени исповеди на луѓе: „Што би направил/а поинаку во моите 20-ти години?“

Не влегувајте директно во сериозни врски, запознајте повеќе луѓе и флертувајте повеќе. Не се фокусирајте премногу на кариера или пари, фокусирајте се повеќе на искуства, хоби и патувања. 

lugjeto-vo-svoite-30-ti-godini-odgovaraat-shto-bi-napravile-poinaku-vo-vashite-20-ti-01.png

20-тите се години кога растеме и созреваме, правивме грешки, но и учиме од нив. Така и инфлуенсерката @mimozaeverywhere која кога наполни 30 години се замисли за сите работи што ги има искусено во нејзините 20-ти, па реши да ги предизвика своите следбеници кои веќе се во нивните 30-ти години да споделат што би направиле поинаку во нивните 20-ти.

Што би додале вие?

Ова се најчестите одговори што ги добила:

- Почесто патувајте сами.

- Одете на размена на студенти или младински размени.

- Не влегувајте директно во сериозни врски, запознајте повеќе луѓе и флертувајте повеќе.

- Сменете повеќе работни места и професии. 

- Не размислувајте што ќе кажат луѓето и само ризикувајте.

- Бидете похрабри.

- Не се фокусирајте премногу на кариера или пари, фокусирајте се повеќе на искуства, хоби и патувања. 

- Не брзајте да се омажите, чекајте ги 30-тите. 

- Ставете се на прво место.

- Учете различни јазици.

- Сменете го вашиот факултет ако не уживате во тоа или сменете ја работата ако знаете дека тоа не е за вас.

- Стојте подалеку од токсични луѓе.

- Почнете да се занимавате со некој вид спорт.

- Обидете се подобро да се запознаете себеси, да разберете во што навистина уживате и во што имате талент.

M. Г. | Црнобело / фото: pixabay.com

Би можело да ве интересира:

Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
12 работи за кои жените веќе немаат нерви кога ќе наполнат 30 години Лоша храна и пијалаци – ако во 20-тите се трпеле евтини јадења и пијалаци, по 30...
Самоубиство, предозирање, убиство: Деца генијалци чии животи завршиле трагично Програмерскиот гениј Арон Шварц изврши самоубиство на само 26 години, додека ист...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
„Губење“ време и уште 9 работи што сите треба да ги правиме почесто Денес, кога сè околу нас се случува пребрзо и неретко немаме ни време да здивнем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg