Ковачевски со визија: Да бидеме европски шампиони за производство на енергија

Мојата енергетска визија е да бидеме европски шампиони за производство на енергија од нашето македонско сонце. Први во регионот сме според енергетска трансформација и се позиционираме како иден зелен центар на Европа – изјави премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски на граѓанската трибина во Штип.

Тој додаде дека само во изминатите десет месеци, колку што е неговиот мандат, се изградени 27 мегавати фотоволтаични централни.

„Започнавме со електраната Осломеј, инвестиција во фотонапонската електрана од 10 мегавати. Дополнително на истата локација веќе се градат и фотонапонски централи со капацитет од 100 мегавати. Во Свети Николе неодамна почна со работа фотоволтаична централа во државата од 17 мегавати. Во наредниот период сите 130 мегавати од обновливи извори на енергија ќе бидат пуштени во употреба“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека кога имате план, визија и вистински политики резултатите се неизбежни.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.