Политичките партии во Штип задоволни од текот на изборниот ден и гласачкиот процес

Избирачкиот процес во Штип помина без инциденти и неправилности. Тоа беше потврдено од страна на ОИК Штип, но и од страна политичките партии. Од ОО на СДСМ Штип, упатија благодарност до сите граѓани кои на вчерашните избори гласале за нивниот кандидат за претседател.

„Избирачкиот процес заврши во мирна атмосфера, немавме некои поголеми или било какви инциденти на иизбирачките места. Уште еднаш сакам да упатам благодарност на граѓаните на Општина Штип кои го дадоа својот глас за СДСМ и за нашиот кандидат за претседател.“ – вели Казанџиска.

Задоволни од текот на гласачкиот процес се и од Левица и од ЗНАМ. Децидни се дека неправилности не се забележани.

„Не се забележани некои поголеми неправилности. Она што го говореше претседателот Апасиев во текот на целата кампања дека левиот спектор конечно ќе го зазема Левица конечно се остварува“ – вели Михајловски.

„Да задоволни сме, излезноста беше добра, се беше мирно во најдобар ред.“ – вели Хубрев.

Сите избирачки места на територија на Општина Штип беа отворени навремено во 7 часот наутро и затворени во 19 часот. Позначајни проблеми не се забележани ниту со убик апаратите.

Лаура Стојанова М-Нет