Капело го советува Милан: Не барајте странец за тренер

Легендарниот тренер Фабио Капело, во интервју за „Газета дело Спорт“ даде интервју во кое го советуваше својот поранешен клуб Милан за именување на нов тренер. „Росонерите“ бараат замена за Пиоли, а има многу кандидати, но во последно време испливаа имиња како Лопетеги, Де Зерби, Консеисао и Конте.

Фабио Капело даде интересен совет до Милан, но кога ќе се погледнат бројките, можеби е целосно во право кога вели дека „росонерите“ треба да посегнат по домашно решение.

„Италијанските тренери се барани. Многу се зборува за странци и тренери во подем. Искусен тренер може да ве извлече од тешка ситуацијата, но и денешните млади тренери работат и добро растат. Секоја чест за Алегри и Конте. Се вели дека Конте многу бара од трансфер пазарот, што е за очекување, додека Алегри беше во игра за титулата со Јувентус, и навистина му честитам, затоа што имаше просечен среден ред. Се чудам зошто Милан бара тренер од странство. Погледнете во последните 24 години, само Мурињо успеа да го освои Скудетото. Тоа треба нешто да значи за италијанските клубови“, изјави Капело.

Се вчитува...