Стевче Антовски од Коминсијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ обвини денеска дека а 22 ноември годинава РЕК Битола склучил коруптивен договор во висина од 20 милиони евра.

На тендерот со еден понудувач „Марковски компани”, која е фирма миленик на директорот Ковачевски за договори во четири очи, понудила точна сума – токму колку што планирале од РЕК Битола да потрошат. Најстрашно е што кога имало конкуренција, во претходната 2021 година, за истата услуга на истиот оглас во договор од 24 јуни 2021 година во РЕК Битола платиле 13 милиони евра што е за 7 милиони евра помалку. Кога на минатиот тендер имало наддавање и повеќе понудувачи, цената од планирани 13,5 милиони евра паднала на 13 милиони евра т.е. имало намалување од половина милион евра. Како е можно за истиот тендер лани РЕК Битола да платил 13 милиони евра, а оваа година 20 милиони евра, цели 7 милиони евра повеќе – праша Антовски на прес-конференција.

Тој обвинува дека при реализација на овие тендери истиот камион неколку пати поминувал на вага со товарениот материјал без да го истовари на депониите за јаглен, и за истиот товар се наплаќало односно се фактурирало неколкукратно.

Ова е сликата за македонската енергетика раководена од СДСМ и ДУИ, која сигурно ја носи државата во распад, го достигнува дното со измами, рекетирање и енормно осиромашување на македонскиот народ – рече Антовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.