• понеделник, 29 април 2024

Одрони кај село Истибања го блокираат коловозот на магистралата А3

Одрони кај село Истибања го блокираат коловозот на магистралата А3

Македонска Каменица, 21 април 2024 (МИА) - Одрони го блокираа едниот дел од коловозот во близина на село Истибања. Одроните кои блокираа еден дел од коловозната лента се регистрирани на магистралата А3, која е дел од патот Делчево - Македонска Каменица - Кочани.

- Точната локација на одроните е кај таканареченото место „Препишо" во близина на село Истибања. Наши екипи веќе се на терен, а до целосно расчистување на теренот, препораката е да се вози внимателно до прилагодување на брзината на движење, информираа од подружницата на Македонија Пат.

Сообраќајот на споменатиот патен правец поради дневните врнежи, како што додадоа, се одвива по влажни коловози. Поради можната појава на одрони долж овој дел од магистралата останува препораката за почитување на сообраќајната сигнализација и претпазливост на критичните места каде посебно е нагласена можноста од присутност на одрони на коловозот. вс/ев/

Фото: МИА

Остани поврзан