Сопственикот на дискотеката Дејан Јованов Деко во воведниот говор се расплака пред судот и им изрази сочувство на блиските на загинатите. Препорачано -Од срце и душа изразувам сочувство затоа што ја знам нивната болка и тага. И во нашата фамилија имаме починат член и повреден член и ја носиме истата болка како што вие ја носите – рече Деко низ солзи. Тврди дека сите овие години се грижел за безбедноста во клубот. -До ден денес се чудам и сè ...

Првообвинетиот во судскиот процес за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, Дејан Јованов денеска на рочиштето порача дека се уште се чуди и не може да поверува што се случи кобната вечер на 16-ти март. Со солзи во очите рече дека цели девет месеци е затворен во четири ѕидови и секојдневно ја преживува таа трагична ноќ. -Јас како човек и како родител, каде што се собираат сите млади, и моите деца, зар би бил способен да дозволам да фали нешто? ...