Таравари се фотографираше со ефридол и испрати порака до ДУИ

од Nikola Popovski

Членот на коалицијата ВЛЕН, Арбен Таравари се огласи на социјалните мрежи по освоените 13 мандати на здружената албанска опозиција. Тој објави фотографија со ефридол, со што испрати директна порака кон ДУИ и Артан Груби.

-Реков дека сум доктор и дека на крај ги давам лековите! 2 пати на ден после леб. Промените доаѓаат!, напиша Таравари на Фејсбук.

Ваквата порака на Таравари доаѓа откако претходно членот на ДУИ, Груби му препорача да земе ефридол, за, како што рече, смирување на албанската опозиција.

Кај албанскиот блок, ДУИ е прва партија со освоени 18 пратенички мандати.

ВЛЕН се очекува во наредните денови да седне на преговори со ВМРО-ДПМНЕ за формирање на новиот владин и парламентарен состав кој ќе го има мнозинството. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа информира дека остварил телефонски разговори со Изет Меџити и Биљал Касами, при што си честитале за остварениот резултат на изборите.

Слични содржини